Достапни линкови

Медиумите почнуваат да ја губат основната улога што ја имаат во општеството, на веќе старите проблеми, годинава се надоврзаа и нови, но има излез, велат познавачите, потреба е само волја и од политичарите и од новинарите.

Недостигот на одговорност на политичките партии за бркањето на новинарите од Парламентот, притворот на новинарот Томислав Кежаровски, новите контроверзни закони за медиуми дополнително ја влошија состојбата на медиумите во земјата, велат експертите. Остануваат и старите проблеми како владините реклами, работење по налог на политичките партии и недонесување на тело за саморегулација.
Ние како медиуми, ниту информираме, ниту ја имаме улогата на „воч дог“ на институциите, а најмалку развиваме некоја демократска дебата за прашањето од јавен интерес. Ние сме претворени во машина за пропаганда, за меѓусебни политички пресметки, уредувачките политики повеќе се насочени кон глорификација на работата на владата, отколку кон откривање на пропустите.

Слободата на медиумите и слободата на изразување се очекува повторно да се најдат во новиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија, кој ќе биде објавен наредната недела.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, вели дека медиумите почнуваат да ја губат основната улога што ја имаат во општеството.

„Ние како медиуми, ниту информираме, ниту ја имаме улогата на „воч дог“ на институциите, а најмалку развиваме некоја демократска дебата за прашањето од јавен интерес. Ние сме претворени во машина за пропаганда, за меѓусебни политички пресметки, уредувачките политики повеќе се насочени кон глорификација на работата на владата, отколку кон откривање на пропустите.“

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски вели дека сме медиумски неписмени и дека не само што нема подобрување, туку ситуацијата со донесувањето на законите ќе биде катастрофална, бидејќи ќе се воведе целосна цензура на медиумите. Според него, има излез, но најпрвин политичките партии треба да кренат раце од медиумите.
Треба сите политички партии да седнат и да кренат раце од желбата да владеат со медиумите. Нормално, голема вина имаме и ние новинарите, особено главните уредници и уредници кои сакаат да кокетираат со власта и сакаат да бидат другари со нив и нормално да бидат финансирани, да бидат потпомогнати материјално од власта и да се воспостави пазар на медиуми во државата.

„Треба сите политички партии да седнат и да кренат раце од желбата да владеат со медиумите. Нормално, голема вина имаме и ние новинарите, особено главните уредници и уредници кои сакаат да кокетираат со власта и сакаат да бидат другари со нив и нормално да бидат финансирани, да бидат потпомогнати материјално од власта и да се воспостави пазар на медиуми во државата, зошто сега го нарушува најмногу владата, да се развијат приватните спонози и на тој пазар новинарите ќе можат чесно да си го заработуваат својот леб, а не сега кутрите во борба за егзистенција мораат да објавуваат и да пишуваат се и сешто, по нечии налог.“

Селмани очекува сите проблеми на медиумите ќе бидат нотирани во извештајот, кој ќе биде понегативен и ќе се инсистира законите да се повлечат од процедура за да се дискутира за спорните прашања.

„Сигурно ќе има конкретни барања до владата како да ги оправи работите. Мислам дека ќе има пораки и до сопствениците на медиумите, зошто и тие носат добар дел од одговорноста за ова што ни се случува во медиумите, исто така и за нас новинарите и уредниците, мислам дека за нас клучно ќе биде што побргу да се формира телото за саморегулација, Советот за етика за на некој ако се противиме на поголема саморегулација тогаш да понудиме алтернативен модел како може да се воспостави ред и како може да го подобриме квалитетот на новинарството во Македонија.“

Закон за медиуми и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се уште не стигнале на дневен ред на гласање во Парламентот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG