Достапни линкови

Том Хенкс има шеќерна болест


Том Хенкс

Том Хенкс

Холивудската филмска ѕвезда Том Хенкс изјави дека има дијабетес. 57 годишниот добитник на Оскар, во телевизиското шоу на Дејвид Летерман рече дека неговиот лекар му дијагностицирал дијабетес од типот 2, најчеста форма на оваа болест од која болуваат десетици милиони луѓе во светот. Хенкс додаде дека болеста е под контрола, но се пошегува дека секој умира на крајот. Тој се појави во шоуто за да го промовира новиот филм „Капетан Филипс", за киднапирањето на еден американски брод од сомалиски пирати во 2009 година.
XS
SM
MD
LG