Достапни линкови

Втор Глобален инвестициски самит во Охрид


Над 350 учесници од повеќе земји во светот денеска и утре во Охрид ќе дебатираат за можностите за поголема економска соработка на вториот Глобален инвестициски самит што го организира „Македонија 2025“. На отворањето на Самитот најавено е обраќање на премиерот Никола Груевски, на амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, претседавачот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски и на претседавачот на Самитот Зоран Мартиновски. Организаторот смета дека овој самит ќе биде еден од најголемите бизнис собири во земјава. Ќе учествуваат компании од САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Унгарија, Турција, а меѓу говорниците се претставници на „Филипс“, „Нокиа“, Дојче телеком, Канадиан бомбардиер, Аџибадем Турција, Моторола, СЕАФ.
XS
SM
MD
LG