Достапни линкови

logo-print

Извесна победа на Алиев на изборите во Азербејџан


Актуелниот претседател Илхам Алиев се очекува да добие трет мандат на претседателските избори во Азербејџан денеска. Аналитичарите проценуваат дека опозицијата е маргинализирана и дека Алиев ќе добие убедливо мнозинство гласови. Подржувачите на опозицијата го обвинуваат шефот на државата за корупција и непочитувањее на човековите права. Приврзаниците на власта, пак, сметаат дека економскиот раст и високиот животен стандард во земјата богата со сирова нафта се по заслуга на Алиев.
XS
SM
MD
LG