Достапни линкови

Тачи: Косово нема да дозволи посети од изборен карактер


Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека неговата Влада сериозно ќе ги разгледа сите барања од Белград, доколку некој функционер побара да го посети Косово, но нема да дозволи посети што имаат изборен карактер. „Наша цел не е да немаме комуникација, наша цел е всушност комуникација и изградба на добрососедство, односно европска врска. Во случај на барање за посета на функционер од Белград на Косово, Владата во Приштина најсериозно ќе го разгледа тоа барање. Сепак, нема да дозволиме посети кои како цел имаат изборен карактер“ ја пренесува Танјуг изјавата на Тачи за агенцијата Косовапрес. Тачи додава дека одлуката за забрана на посета на функционери од Белград на Косово била самостојна, додавајќи дека за тоа не може да одлучи никој друг освен косовските институции.
XS
SM
MD
LG