Достапни линкови

Пешевски: предлогот за враќање на ДДВ е неодржлив


вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски

вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски

Неаргументиран, паушален и неодржлив, направен без доволно анализа и проценка. Ова е оценката на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски по предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за враќање на ДДВ на секој граѓанин. Пешевски потсети дека оваа Влада изврши намалување на даноците, на персоналниот данок од доход и на данокот на добивка на 10 проценти. Зaев денеска презентира проект за поврат на ДДВ, прв од новата партиска програма што е во подготовка, а чија основна порака е „Да ја вратиме средната класа“. Се предлага на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. Со тоа, вели Заев, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари годишно, а на секое семејство кое поседува фискални сметки меѓу 20 и 30 илјади денари годишно.
XS
SM
MD
LG