Достапни линкови

И една личност може да менува



Специјалниот пратеник на Обединетите нации за глобално образование Гордон Браун вели дека Малала Јусафзаи станал симбол за тоа како една личност може да стори нешто кога во тоа верува.

Малала Јусафзаи, пакистанска тинејџерка која е поборник за образование на девојчињата доби многу пријатели во светот откако преживеа атентат во минатата година што го извршија талибанците. Еден од нејзините поддржувачи поранешниот британски премиер Гордон Браун кој сега е специјален пратеник на Обединетите нации за Радио Машач изјави:

Малала е храбра, одважна, прекрасна млада жена кој му покажа на светот дека решеноста да се застане зад своите принципи може да значи големи жртви, но исто така може да значи и пат кон доброто.

Браун смета дека Малала веќе доведе до размислување за ситуацијата со образованието на девојчињата во Пакистан. Откако таа беше застрелана во главата во училишен автобус од вооружени талибанци на нејзиниот пат до дома, илјадници ученици демонстрираа за поддршка на девојчињата и нивното право да се едуцираат.

Кога го посетив Пакистан еден месец откако Малала беше застрелана, открив илјадници девојчиња и момчиња кои ја поддржуваа нејзината кампања и оти владата претстави закони за стипендирање на образованието на три милиони девојчиња.

Браун додаде дека Малала има големо влијание и во светот со нејзините предавања. Запрашан дали таа има големи шанси да ја добие годинашната Нобелова награда за мир, Браун вели дека таа е веќе добитничка со тоа што образованието на децата го направи важно прашање во светот.

Луѓето не зборуваат само за важноста на школувањето на девојчињата, сега луѓето зборуваат за тоа зошто 57 милиони деца не можат да одат на училиште бидејќи немаат училишта и ученици или мораат да работат и да стапуваат во брак.

Малала во моментов живее во Бирмингем, Британија каде што беше лекувана откако беше застрелана во минатата година.
XS
SM
MD
LG