Достапни линкови

Неподнослив живот покрај кичевската депонија


Жителите на Кичево стравуваат за здравјето, бидејќи депонијата е такаречи во градот, а во непосредна близина се наоѓа и болницата.

Шаха Коџаџаклиоска и нејзиното 15-члено семејство живеe во куќи во непосредна близина на градската дива депонија во Кичево. Таа одгледува многу цвеќиња, а синовите засадиле и големи дрвја во дворот, за да го амортизираат мирисот и нечистотијата што се шири од депонијата. Но, вели нема спас. Скоро сите се болни, кашлаат, им течат и им солзат очите, а речиси им е намален имунитетот, како последица на ова градско собиралиште на отпадот.
Триесет години да тураш онде багери, багери не чистат, цела река од сите страни коритото речно е зафатено со депонија, од крај в крај, дури долу до кланица. Секогаш не можам да дишам, инекции примам, и децава мали исто така.

„Триесет години да тураш онде багери, багери не чистат, цела река од сите страни коритото речно е зафатено со депонија, од крај в крај, дури долу до кланица. Секогаш не можам да дишам, инекции примам, и децава мали исто така“, вели Коџаџаклиоска.

Сите жители на Кичево стравуваат за здравјето, бидејќи депонијата е такаречи во градот. Газат на ѓубриште, а по воздушна линија, во непосредна близина се наоѓа и медицинскиот центар, болницата во Кичево. Така што и болните додека се лечат, овде уште повеќе се изложени на ризик, забележуваат жителите. Вината ја фрлаат врз локалните власти, кои на овој проблем се осврнуваат само додека има избори.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ и Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, апелираме што поскоро да се реши проблемот со оваа депонија, бидејќи нас ни се приоритет здравјето на граѓаните во оваа Општина.

„Како прво пречи за здравјето, не можеш да дишеш, не можеш алишта да спружиш.“

„Секој градоначалник што доаѓал, земал обврски да ја дислоцира оваа депонија, меѓутоа од тоа нема никаков ефект“, забележуваат анкетираните кичевчани.

ВМРО-ДПМНЕ бара од новата локална власт на чело со градоначалникот Фатмир Дехари, што поскоро решение за овој комунален проблем.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ и Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, апелираме што поскоро да се реши проблемот со оваа депонија, бидејќи нас ни се приоритет здравјето на граѓаните во оваа Општина“, вели Дарко Стојаноски.

Од Општина Кичево велат дека граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ вината за депонијата треба да ја бараат во сите други, но не во оваа нова власт. Велат градоначалникот Дехари нема магично стапче, па веднаш да ги реши наталожените стари проблеми, за кои никој не водел грижа.

„Во таа насока, градоначалникот на Општина Кичево и администрацијата прават напори и ја анализираат територијата на Општината, споената територија за да најдеме и надворешни инвеститори за рециклирање на депонијата и да видиме некој простор каде што нема да реагираат граѓаните“, вели Разми Реџепи, секретар на Општина Кичево.

Како потврда дека новата локална власт има изграден однос кон хигиената во градот, вели Реџепи, е и последната акција за чистење на централното градско подрачје, во која учествуваше локалната администрација и која е максимално успешно спроведена.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG