Достапни линкови

logo-print

Демократија по налог на партиските лидери


Архивска фотографија: Седница на Државната изборна Комисија

Архивска фотографија: Седница на Државната изборна Комисија

Колкава е независноста на ДИК ако двете најголеми политички партии сметаат дека може да им дадат налог на членовите што ги предложиле што да прават?

Премиерот Никола Груевски јавно го повика лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев да му даде налог на претседателот на ДИК Борис Кондарко веднаш и неодложно да го започне пречистување на Избирачкиот список. Од СДСМ, пак, одговорија дека доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака прочистување на Избирачкиот список, да им даде задолжение на членовите на ДИК од нивните редови, да не ја опструираат работата на Комисијата за прочистување на списокот.
Таквиот апел, таквото адресирање е доказ дека секое поле од политичкиот и јавниот живот се партизирани, а тоа е сериозен чекор кон сериозна диктатура и според мое мислење, не е работа на политичките партии да се обраќаат на таков начин, туку е работа на институциите на кои им се одговорни тие тела.

Ова го отвора прашањето за тоа како премиерот Груевски, но и најголемата опозициска партија, ја доживуваат независноста на ДИК, ако сметаат дека ним може партиски да им се наложи како да се однесуваат, но тоа зборува и за демократскиот капацитет на Македонија воопшто. Од друга страна, пак, дел од аналитичарите велат дека не се проблем само партиите, туку и членовите на Комисијата кои не покажале интегритет да се спротивстават на партиските притисоци.

Професор Мерсел Биљали вели дека воопшто не може да се разговара за демократски капацитет во политичките партии во Македонија, а следствено на тоа и во целото општество.
Но, за жал, ние во Македонија веќе одамна почнавме да не изгледаме како здрава демократија и вакви налози фактички за жал се нешто што не само што не се гледа како проблематично, туку и нешто што ете дури и ќе го поздравиме како позитивно со цел да се добие некое поголемо општо добро, а тоа е прочистување на избирачкиот список.

„Таквиот апел, таквото адресирање е доказ дека секое поле од политичкиот и јавниот живот се партизирани, а тоа е сериозен чекор кон сериозна диктатура и според мое мислење, не е работа на политичките партии да се обраќаат на таков начин, туку е работа на институциите на кои им се одговорни тие тела“, вели Биљали.

Професор Здравко Савески вели дека во една нормална демократија давањето налог на членовите на ДИК од страна на политичка партија не е нормално.

„Но, за жал, ние во Македонија веќе одамна почнавме да не изгледаме како здрава демократија и вакви налози фактички за жал се нешто што не само што не се гледа како проблематично, туку и нешто што ете дури и ќе го поздравиме како позитивно со цел да се добие некое поголемо општо добро, а тоа е прочистување на избирачкиот список“, вели Савески.

Биљали, пак, се сомнева дека ќе има суштинско прочистување на избирачкиот список, зашто како што вели, за тоа нема политичка волја.

„Изгледа ќе испадне дека нашата држава е единствана на светот што има гласачи колку што има и жители. Според сите релевантни анализи, бројни граѓани во изминативе години ја напуштиле земјата и многу е тешко да има толку многу гласачи кога имаме над 350 илјади луѓе што ја напуштиле државата“, вели Биљали.

Министерот за правда Блерим Беџети минатата недела изјави дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на Изборниот законик ќе се исполнат и оти интензивно се работи на прочистување на избирачкиот список.

„За прочистувањето на избирачкиот список работи Работната група во ДИК. Министерството за правда како ресорно министерство ја следи работата на оваа Работна група во која има претставници и од Управата за водење на матична евиденција која е во состав на Министерството за правда. Се работи интензивно“, рече Беџети.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG