Достапни линкови

Вавилонски кули и апсолутна сиромаштија


Има една земја, во која се градат кули, порти и споменици, фестивали и паради. Во таа земја има луѓе кои не можат ни да се загреат во зима, ни да се освежат во лето. Нивните деца мора да се откажат и од училиште, оти ни леб немаат да јадат. На овие 14 насто жители со под 2 долари дневно, на оваа апсолутна сиромаштија баш им е гајле за кулите и портите и славното им минато.

Згради во мермер и барок, споменици на знајни и незнајни јунаци, изјави дека сме трети во Европа според порастот на БДП, лидери во бизнис клима, невработеноста се намалува, арно ама за само еден оглас за вработување се пријавуваат 20 илјади луѓе, а социјалците живеат на леб и чај, ако има.
Се правевме дека е се во ред, дека имаме се за јадење, дека имаме се за пиење, а после тоа веќе не се издржуваше девојчињата појдоа во социјално, да се молат.
Благица Ристеска, жител на Крушево.

Според порастот на БДП сме биле трети во Европа, арно ама БДП-то по жител е 3.616 евра, за разлика од Грците кои имаат 16.000 евра годишно по жител, речиси 5 пати повеќе од нас, Чесите имаат 13.000, Германците 30.000 евра!

Благица Ристеска од Крушево е само една од социјалците кои се борат со животот. Таа е самохраната мајка, без работа, без пари, без надеж дека
Благица Ристеска од Крушево, самохрана мајка на две ќерки.
Благица Ристеска од Крушево, самохрана мајка на две ќерки.
следниот ден ќе биде подобар. Благица и нејзините две ќерки живеат со социјалната помош од 1.600 денари. Нејзиниот сопруг заминал на работа во странство, ама не се вратил повеќе. Таа вели дека и оваа зема ќе смрзнат оти има само два кубика дрва за огрев.
Тие луѓе со таа социјална помош се сведени да живеат со по два долари дневно, по светски стандарди, според стандардите на ОН тие луѓе што живеат со под два долари дневно се сметаат за апсолутно сиромашни. Апсолутната сиромаштија во Македонија во 2012 е околу 14 проценти, што е ужасно голем процент во споредба и со државите во регионот и пошироко.
Артан Садику, аналитичар.

„Си дојдов од операција, немавме дрва, немавме за јадење, три месеци не кажував на никој, мислев ајде ќе помине сето тоа, си пиевме само чај од нане, и секогаш кога и да дојдеа луѓето кај нас, се правевме дека е се во ред, дека имаме се за јадење, дека имаме се за пиење, а после тоа веќе не се издржуваше девојчињата појдоа во социјално, да се молат“, вели Благица.

Постарата од ќерките ги напуштила студиите, за да може со мајка си да аргатува за некој денар, барем помалата сестра да изучи школо.

„Немаме доволно средства за да го продолжам факултетот, значи секој ден работам тоа што ќе се најде со мајка ми, на тутун, нижење, на пиперки, ваму-таму, се што ќе се најде, ама тоа не стигнува за леб, а не за на факултет да се оди. Сакам работа за мајка ми, не сакаме никој ништо да ни даде, само работа, другото сами ќе го извадиме“, вели постарата ќерка на Благица, Христина.
Народна кујна.
Народна кујна.

Македонија во изминатите години не успеа успешно да се избори со сиромаштијата со која е погодено околу третина од население, не успеа да воспостави успешни политики, туку се ориентира кон рекламирање на добрата бизнис клима и општите услови во државата кои не зборуваат за тоа каква е внатрешната ситуација во Македонија, вели Артан Садику од
Што му значи на еден граѓанин колку сме добри на Дуинг бизнис, или сме четврти по најнизок долг или најголем раст на БДП во Европа, што му значи? Кога ќе дојде први, тој со сметките за струја, за вода, за телефон, за школарина, за хранарина на деца што ќе направи? Ќе отиде во ЕВН или во градинка и ќе рече, најдобри сме, четврти во Европа и не мора да плаќаме?!
Марјанчо Николов, СДСМ.
Левичарското движење Солидарност. Тој вели дека од 2008 до 2012 за околу 40 проценти е намален бројот на трансфери и на примачи на социјална помош.

„Тие луѓе со таа социјална помош се сведени да живеат со по два долари дневно, по светски стандарди, според стандардите на ОН тие луѓе што живеат со под два долари дневно се сметаат за апсолутно сиромашни. Апсолутната сиромаштија во Македонија во 2012 е околу 14 проценти, што е ужасно голем процент во споредба и со државите во регионот и пошироко“, вели тој.

Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ вели дека луѓето не ги чувствуваат благодетите од економските успеси, оти животниот стандард не е подобрен.

„Што му значи на еден граѓанин колку сме добри на Дуинг бизнис, или сме четврти по најнизок долг или најголем раст на БДП во Европа, што му значи? Кога ќе дојде први, тој со сметките за струја, за вода, за телефон, за школарина, за хранарина на деца што ќе направи? Ќе отиде во ЕВН или во градинка и ќе рече, најдобри сме, четврти во Европа и не мора да плаќаме?!“, рече Николов.

Со години наназад се намалува бројот на невработените, но не расте бројот на вработените.

Од Министерството за труд и социјална политика побаравме информации за тоа како тие се справуваат со сиромаштијата, колкав е бројот на приматели на социјална помош, како се одредува висината на примањата, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG