Достапни линкови

Путин: САД и Русија имаат заеднички став за Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека со Соединетите Држави имаат заедничка согласност за она што е потребно да се направи во Сирија. Путин, по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери на маргините на самитот на АПЕК на Бали, оцени дека експертите ќе можат да ја остварат целта за елиминирање на хемиското оружје во Сирија во рок од една година. Путин додаде дека сиријскиот претседател Башар Ал Асад активно соработувал со меѓународните инспектори.
XS
SM
MD
LG