Достапни линкови

Демонстранти блокираат автопат во Киргистан


Стотици демонстранти го блокираа главниот автопат во киргистанската провинција Исук Кул, барајки национализација на најголемиот рудник за злато Кумтор. Вчера во градот Каракол полицијата со солзавец и шок бомби ги растера демонстрантите, кои неколку часа држеа како заложници претставници на регионалните власти и се закануваа дека ќе ги запалат доколку нивните барања не бидат исполнети. 23-ца демонстранти беа уапсени. Демонстрации со барање за нациоанализација на рудникот имаше и во мај годинава, кога исто така имаше судири со полицијата, по што киргистанската влада почна да го преиспитува договорот со канадската фирма, која раководи со рудникот.
XS
SM
MD
LG