Достапни линкови

На Бали заврши самитот на АПЕК


Азијско – пацифичките лидери го завршија самитот на Бали со ветување за удвојување на напорите за либерализација на трговијата и постигнување одржлив развој. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Соединетите Држави остануваат посветени на тој регион. Кинескиот претседател Кси Џинпингизјави дека глобалното економско заздравување ќе биде долг и тежок процес. Рускиот претседател Владимир Путин ги повика земјите на АПЕК да инвестираат во големите руски инфраструктурни проекти. Путин исто така оцени дека недоаѓањето на Обама на самитот, поради домашните буџетски проблеми, било оправдано.
XS
SM
MD
LG