Достапни линкови

logo-print

Србија и Косово го надминаа спорот околу изборите


Србија и Косово постигнаа договор со кој сите српски претсвници во иднина може да патуваат на Косово за време на кампањата за локалните избори што се одржуваат следниот месец. Договорот е постигнат по состанокот на премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон што се одржа синоќа во Брисел. Тоа значи дека договорите за посети ќе бидат упатувани до ЕУЛЕКС кој ќе донесува одлуки за тоа.Премиерот на Косово Хашим Тачи по состанокот изјави дека слободата на движење ќе се почитува без дискриминација. Во Брисел Ештон имаше состанок со премиерите Дачиќ и Тачи со цел условите за ноемвриските локални избори на Косово да бидат прифатливи за сите .
XS
SM
MD
LG