Достапни линкови

logo-print

Авганистан- САД се надеваат на договор за американските трупи


Вашингтон се надева дека наскоро може да биде постигнат договор со Кабул за идната улога на американските трупи во Авганистан откако речиси сите странски сили треба да ја напуштат таа земја во 2014 година. Портпаролот на Стејт Департментот изјави дека двете страни продолжуваат да остваруваат прогрес.До коментарот доаѓа неколку часа откако авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги обвини САД и НАТО силите за насилство врз авганистанскиот суверенитет.Тој ова го кажа по воздушниот напад на НАТО во провинцијата Нангахар на 5. Октомври. Кабул соопшти дека во нападот биле убиени пет цивили. Нато соопшти дека цел на бомбардирањето биле бунтовниците кои се обидувале да извршат напад врз аеродромот што го користат странските сили и дека во тек е истрага.
XS
SM
MD
LG