Достапни линкови

Бан препорачува тим од 100 луѓе за Сирија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун препорачува уништувањето на сириското хемиско оружје да биде надгледувано од тим од инспектори на ОН и Светската организација за забрана на хемиското оружје, во кој ќе бидат вклучени 100 луѓе. Во писмото на Бан Ки Мун до Советот за Безбедносот тој наведува дека ОН треба да бидат задолжени за задачи што вклучуваат комуникација и координација со сириската влада и бунтовничките групи.Бан рече дека Организацијата за забрана на хемиското оружје треба да раководи со техничките консултации, контролата и инспекцијата. Писмото од 11 страници на Бан Ки Мун доаѓа по резолуцијата постигната минатиот месец со која се наредува да биде уништено сириското хемиско оружје и се препорачува во тоа да имаат улога Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG