Достапни линкови

„Ликвидација“ завршува, се очекуваат пресудите


Основен суд 1 во Скопје.
Основен суд 1 во Скопје.

Обвинителството бара наjстроги казни за осумтемина обвинети во судскиот случај Ликвидација поради штетните општествени последици. Додека, пак, одбраната побара ослободителна пресуда тврдејќи дека нема доволно докази за осуда на обвинетите, затоа што обвинителниот акт во основа е паушален. Пресудата се очекува следната недела.

Ако се осуди новинарот Томислав Кежаровски, тоа ќе значи директно ограничување на слободата на изразување, а можеби еден ден, таква евентуална пресуда ќе биде предмет на оценка на судот во Стразбур, затоа што нему му се суди само за новинарски натпис. Ова во завршните зборови денеска во Основниот суд 1 го истакна адвокатот на Кежаровски, Филип Медарски. Тој објасни дека во обвинението е паушално наведено оти Кежаровски во своите два текста објавени во 2008 година го открил идентитетот на наводно загрозениот сведок, затоа што во текстовите е напишан само опис на „сведокот“ како лице кои има криминално досие и е во затвор поради кривично дело- разбојништво.
Но, ако навистина „Бреза“ бил загрозен сведок, зошто во 2010 година му се дава статус заштитен сведок и во Основниот суд во Велес има таков статус.
Филип Медарски, адвокат.

„Во првиот објавен текст во месечникот „Репортер 92“ од шести ноември 2008 година, во написот на Кежаровски се вели дека сведокот во случајот Ореше е лице со богато криминално минато, кој моментално е во затворот „Скопје“ поради извршено разбојништво. Во вториот текст, пак, објавен на четврти декември пишува за лице „штипјанецот Златко“ и со тоа лице извесен
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски, јули 2013.
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски, јули 2013.
период се комуницирало на одреден телефонски број. Со овие податоци никако не можел да го открие идентитетот на „Бреза“. Но, ако навистина „Бреза“ бил загрозен сведок, зошто во 2010 година му се дава статус заштитен сведок и во Основниот суд во Велес има таков статус “, истакна Медарски во завршните зборови.
Нема доказ дека примил некакви пари, ниту некој му нудел и заради тоа треба да биде ослободен од обвинение. А по однос на второто кривично дело, тоа е злоупотреба на службената положба и овластувања, исто така побарав ослободителна пресуда, затоа што според законот тоа не е кривично дело, бидејќи не е настапена последица од истото, не е настапена никаква штета.
Коста Најков, адвокат.

Медарски во завршните зборови направи споредба со Хашкиот суд којшто одреди казна за новинар од 3 месеци затвор и 15 илјади евра за откривање на идентитет на сведок во кривично дело – воено злосторство. Во тој случај новинарот го објавил името и презимето и адресата на живеење на сведокот, додека Кежаровски не направил ништо слично на тоа, а сепак поминува веќе 5 месеци во притвор.

Обвинителката своите завршни зборови ги базираше на посебните истражни мерки, тврдејќи дека одбраната на обвинетите не кореспондира со доказите. Таа побара построги казни за нив поради како што вели, тежината на стореното дело.

Судијата ги предупреди новинарите кои го следеа процесот да не објавуваат детали од посебните истражни
мерки кои што ги прочита обвинителката.

Одбраната во соочувањето на аргументите истакна дека нејзините тврдења се паушални без поткрепа на вистински докази. Адвокатот на првообвинетиот Иле Танев, Коста Најков, вели дека делото за кое тој се терети, поткуп и злоупотреба на службена должност, е неосновано затоа што нема логика некој да бара поткуп за да ослободи притвореник, а при тоа да не го стори истото.

„Нема доказ дека примил некакви пари, ниту некој му нудел и заради тоа треба да биде ослободен од обвинение. А по однос на второто кривично дело, тоа е злоупотреба на службената положба и овластувања, исто така побарав ослободителна пресуда, затоа што според законот тоа не е кривично дело, бидејќи не е настапена последица од истото, не е настапена никаква штета.“

Тој додава дека посебните истражни мерки се незаконски затоа што го надминуваат дозволениот законски рок на нивна употреба.

„Ние ги спориме времетраењето и начинот, бидејќи по законот, временски посебните истражни мерки се лимитирани на четири плус три месеци, или вкупно на седум месеци, сметам дека тој рок е пробиен.“

Адвокатот на петтообвинетиот Ивица Ефремов, Александар Тортевски се повика на чувството за правда и побара од судиите да одлучуваат со чиста совест, затоа што од обвинението произлегува дека на Ефремов ќе му се суди само затоа што бил во близина на огнено оружје.

Тој во своите завршни зборови направи една паралела со озогласен затвор во Истанбул каде што на вратата стоел натпис „ Овде Алах нема“ и посочи дека со пресудата којашто ќе ја донесат судиите ќе го одредат знакот за овој суд. Дали на портата ќе стои „ Овде правда има“, праша тој.

Атмосферата во судницата денеска беше помалку напната, во исчекување на крајниот епилог за 140 дневното патешествие на осумтемина обвинети. Се очекува конечната пресуда да Судот да ја донесе и соопшти следната недела.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG