Достапни линкови

ДИК ги отфрла тврдењата на Груевски за избирачкиот список


Државната изборна комисија како неосновани и неточни ги оценува обвинувањата за кочење на работата на ДИК при прочистувањето на Избирачкиот список од страна на претседателот Борис Кондарко.
- Во услови кога мнозинството членови во ДИК го имаат партиите од власта, апсурдно е да се тврди дека претседателот на ДИК има каква било можност да ја кочи работата на овој колективен орган, ниту пак може самиот претседател да донесува одлуки, да го надгласува мнозинството или да спречува нивни иницијативи, се вели во соопштението од ДИК.
Во моментов, се посочува, од страна на ОБСЕ-ОДИХР се ангажирани експерти кои ќе дадат свои анализи и препораки во врска со Избирачкиот список. За тоа претходно е склучен Меморандум за соработка со ДИК.
Од ДИК потсетуваат дека од 2012 година, во континуитет функционира Работната група за проверка на Избирачкиот список, формирана од Управувачкиот комитет на високо ниво при Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
- Со оваа група претседава членот на ДИК Бедредин Ибраими, а во нејзината работа учествуваат претставници на министерствата за внатрешни и за надворешни работи, за правда, Државниот завод за статистика, Комисија за заштита на лични податоци, Мост, ОБСЕ, Амбасадата на САД и ЕУ. Работната група секогаш заседава јавно, пред медиумите, посочуваат од ДИК.
XS
SM
MD
LG