Достапни линкови

logo-print

Груевски бара од ДИК да го среди избирачкиот список


Премиерот Никола Груевски денеска го повика претседателот на СДСМ Зоран Заев да му даде налог на неговиот сопартиец и претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко да започне со пречистување на Избирачкиот список.
- Надлежноста за пречистување на Избирачкиот список е исклучиво на ДИК. Го поставувам прашањето зошто шест месеци не го почнуваат тоа и ги повикувам јавно да го почнат веднаш и да го завршат за да не бараат потоа алиби дека поразот којшто ќе им следи доаѓа заради тоа што списокот не бил пречистен или други алибија коишто се поврзани со Избирачкиот список, изјави премиерот Груевски одговарајќи на прашање по поставувањето камен-темелник на објектот на Текнохозе во ТИРЗ Скопје 1.
Тој посочи дека околу Избирачкиот список се случува нешто чудно, зашто, како што нагласи, поминаа речиси шест месеци од денот кога завршија Локалните избори и оттогаш до сега има тотален бојкот од страна на претседателот на ДИК во однос на пречистување на Изборниот список.

Груевски прецизира дека Владата и некои државни институции можеби можат и нешто да помогнат и да се вклучат доколку од ДИК го побараат тоа.
XS
SM
MD
LG