Достапни линкови

logo-print

Социјалци, преку ноќ стануваат административци


По вработувањето на 1.600 луѓе од ранливи групи, администрацијата ќе се зголеми и за околу 400 полицајци. Но дали за нив има потреба и пари, прашуваат експертите.

Склекови, стомачни, три километри спринт и згибови – ова се само дел од критериумите за вработување на нови полицајци на конкурсот на МВР. Конкурсот следи по најавите за 1.600 вработувања на социјално загрозени лица во јавната администрација. Економистите посочуваат дека мора да се има предвид дека секој граѓанин кој не добива плата од државата ќе биде задолжен, меѓу другото, да ги финансира и овие административци.
Но да апелирам, да не се претвори критериумот на вредности социјалната припадност наместо компетенциите, бидејќи знаете на крајот на краиштата граѓаните кои го плаќаат сето тоа преку даноците бараат квалитетна услуга, компетентна услуга од вработените. Се плашам да не се случи на штета на компетенцијата да вработиме и сите ние да не се претвориме во социјала.

Поранешниот заменик – министер за економија Зоран Витанов вели дека нема податоци за соодветна проценка дали овие нови вработувања на социјално загрозени административци ќе го оптеретат буџетот, бидејки не се знае дали станува збор за додатни решенија за работа или вработувања каде навистина има потреба.

„Но да апелирам, да не се претвори критериумот на вредности социјалната припадност наместо компетенциите, бидејќи знаете на крајот на краиштата граѓаните кои го плаќаат сето тоа преку даноците бараат квалитетна услуга, компетентна услуга од вработените. Се плашам да не се случи на штета на компетенцијата да вработиме и сите ние да не се претвориме во социјала.“

За згрижување на социјално загрозените лица имаме министерство за труд и социјална политика, вели Витанов.

„Оти ако тргнете еве од приватниот сектор, вие можете на вашите роднини што се без работа да им помагате, ама не би им дале вработување доколку немаат компетенции. Да апелирам да се внимава во иднина, тие мерки се
Секогаш во јавноста, во голема мера со право, се смета дека вработувањето на нови кадри не е условена со обемот на работа, туку е пополнување со партиски луѓе кои живеат на државни јасли.
добри, хумани се, меѓутоа да не одат на штета на компетенции и на квалитетот на услугите која и така е на многу ниско ниво во сите државни институции без исклучок.“

Треба да се внимава на тоа дали се потребни нови административци и дали има пари во буџетот за нивно вработување, вели политикологот Здравко Савески.

„Она што е впечаток во јавноста е дека во јавниот сектор, за разлика од приватниот сектор го нема проблемот на преангажираност на вработените, така што секогаш во јавноста, во голема мера со право, се смета дека вработувањето на нови кадри не е условена со обемот на работа, туку е пополнување со партиски луѓе кои живеат на државни јасли.“

Ако таквиот впечаток не е точен, владата треба да понуди аргументи дека имало потреба од вработување на административци и државни службеници кои се плаќаат од парите кои се собираат од даноци и казни, појаснува Савески.

„Заклучокот кој се наметнува е дека се работи за привилигирано вработување на луѓе за кои баш нема потреба да бидат вработени, а тоа е на трошок на граѓаните.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG