Достапни линкови

logo-print

Нобеловата награда за медицина ја добија двајца Американци и еден Германец


Американците Џејмс Ротман и Ренди Шекман и Германецот Томас Сидхоф се добитници на Нобеловата награда за медицина, прва од наградите за оваа година што ги доделува Шведската академија во Стокхолм.
В петок, пак, во Осло ќе биде доделена наградата за мир. Меѓу фаворитите за таа награда е пакистанската активистка, тинејџерката Малала Јусуфари, која беше застреланa во главата од страна на талибанците, минатата година.
Таа бараше образование за девојчињата во нејзината земја. Нобеловата награда ја основал пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел.
XS
SM
MD
LG