Достапни линкови

Британија со нова „Национална Криминална Агенција“


Велика Британија промовира нова агенција, чија цел е да се справи со некои од најсериозните злосторства на земјата.
Националната криминална агенција – Ен Си Еј, која денеска започна да работи започна со работа во понеделникот, е британска верзија на американското Федерално Биро за Истраги Еф Би Ај.
Во неа ќе работат 4.000 луѓе и ќе преземе и многу од задачите на претходникот, „Агенцијата за организиран криминал“.
За разлика од Еф Би Ај, британската агенција нема да биде вклучена во националната безбедност или контра-тероризмот.
Властите проценуваат британскиот организиран криминал ја чини државата речиси 14,6 милијарди долари на годишно ниво.
XS
SM
MD
LG