Достапни линкови

logo-print

Русија го суспендираше увозот на млечни производи од Литванија


Млеко - архива

Млеко - архива

Русија го суспендираше увозот на млечни производи од Литванија, која во моментов е преседавач со ЕУ. Руската агенција за заштита на потрошувачите изрази загриженост за квалитет на производите.
На овој потег, сепак, се гледа како на обид да се изврши притисок врз балтичката земја која се подготвува да биде домаќин на самитот на ЕУ следниот месец, а на кој неколку поранешни советски републики се надеваат на можноста да изградат поблиски врски со Унијата.
Во пресрет на самитот, Русија го зголеми трговскиот притисок и врз Украина и Молдавија. И двете земји се надеваат дека во ноември на самитот во Вилнус ќе им бидат понудени договори за асоцијација и слободна трговија со ЕУ.
XS
SM
MD
LG