Достапни линкови

Кери - акцијата во Либија е законска


Американскиот државен секретар Џон Кери ја бранеше одлуката за апсење на терористот во Либија од страна на американските сили. Говорејќи на маргините на Азиско-пацифичката економска конференција во Индонезија, Кери оцени дека се неосновани поплаките од либиската влада, која оцени дека операцијата всушност била киднапирање. Кери изјави дека акцијата за апсење на оперативецот на Ал Каеда во Триполи е во согласност со американските закони. Осомничениот Анас ал Либи е обвинет за вмешаност во бомбашките напади на американските амбасади во Танзанија и Кенија во 1998, во кои загинаа повеќе од 220 луѓе.
XS
SM
MD
LG