Достапни линкови

Продолжува уништувањето на хемиско оружје во Сирија


Процесот за уништување на сириското хемиско оружје, кој започна вчера, ќе продолжи и во наредните денови, соопштија меѓународните експерти за хемиско оружје. Еден тим од Организацијата за забрана на хемиското оружје го надгледува процесот на уништување или на онеспособување на хемиското оружје и на опремата, вклучително и на ракетната боеви глави, антенски бомби и друга опрема.

Советот за безбедност минатата недела усвои резолуција, со која се бара искоренување на сириското хемиско оружје и се поддржува планот за политичката транзиција во Сирија.

Сирискиот претседател Башар Асад вчера изјави дека тие започнале со производство на хемиско оружје во осумдесетите години на минатиот век, за да се пополни технички јаз во наоружувањето меѓу Сирија и Израел.
XS
SM
MD
LG