Достапни линкови

Шефот на пакистанската војска ќе се пензионира


Шефот на пакистанската војска, Ашфаг Кајани

Шефот на пакистанската војска, Ашфаг Кајани

Шефот на пакистанската војска најави дека ќе се пензионира во ноември, како што беше планирано, откако отслужи шест години на функцијата. Ашфаг Кајани вели дека е време други да продолжат со мисијата да ја направат земјата навистина демократска, просперитетна и мирна земја. Кајани го наследи Первез Мушараф како началникот на армискиот персонал во ноември 2007 година, а во 2010 мандатот му беше продолжен за уште три години . Тој директно не ги коментира гласините дека по пензионирањето ќе ја преземе функцијата шеф на Здружената команда. Има шпекулации дека премиерот Наваз Шариф сака да му ги зголеми овластувањата на тоа тело, односно да стане тело кое ќе командува со целата воена единица.
XS
SM
MD
LG