Достапни линкови

Вучиќ - Србија е пред банкрот


Потпретседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ најави намалување на платите во јавниот сектор со што ќе се заштедат меѓу 200 и 230 милиони евра, а пензиите ќе се зголемат со претходно утврдена динамика.

Вучиќ најави дека до крајот на годината во Србија ќе има милијарда долари од кредит од ОАЕ од кои 500 милиони ќе се потрошат за враќање долгови, а 500 милиони ќе се вложат во стопанството „со најголема контрола“.

Тој нагласи дека државата е „пред банкрот, во вистинска смисла“ и најави дека мерките за економско опоравување ќе бидат тешки, а не популистички. Со тие мерки според него, ќе бидат погодени меѓу 300.000 и 500.000 луѓе.

Вучиќ вели дека фискалниот дефицит мора да биде намален за 2 до 2,5 отсто што значи заштеда од 800 милиони евра.
XS
SM
MD
LG