Достапни линкови

Протести и насилства во Египет


Поддржувачи и противници на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси протестираат во Египет, на 40-годишнината од арапско-израелската војна. Неколку илјади приврзаници на војската се собраа на централниот плоштад Тахрир во Каиро, додека поддржувачите на Морси протестираат на улиците низ главниот град. Полицијата употреби солзавец и истрели во воздух во обид да ги запре луѓето на Морси да стигнат до плоштадот Тахрир. Војниците поставија барикади на влезот на плоштадот со бодликава жица и оклопни возила. Во насилството во јужниот дел на Египет, еден поддржувач на Морси е убиен.
XS
SM
MD
LG