Достапни линкови

Иран бара нов пристап во преговорите за нуклеарната програма


Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф.

Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф.

Министерот за надворешни работи на Иран вели дека Техеран и светските сили мора да излезат со нов пристап во преговорите околу иранската нуклеарна програма. Министерот Џавад Зариф вели дека има потреба да се стави крај на сегашната ситуација во која се наоѓаат преговорите. Зариф ги опишани средби со своите западни колеги како „добар почеток“, но повика на взаемно почитување со САД.

Зариф освен министер за надворешни работи е и главен преговарач за нуклеарната програма, со што се зголемија надежите за решение за спорот кој трае повеќе од една деценија.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека има „нов тон“ во односите со Техеран, додавајќи дека времето за решавање на спорот е ограничено .
XS
SM
MD
LG