Достапни линкови

logo-print

Партиски препукувања за вработувања


СДСМ денеска го повика Министерството за образование и наука да каже кога и како ќе бидат вработени 294 психолози и педагози и да ја објави анализата според која има недостиг од овие кадри во основните и средните училишта.
Членот на Извршниот комитет на СДСМ, Петар Атанасов на прес-конференција рече дека како партија се сомневаат во намерите на Владата и оти најавените вработувања се со цел да се добијат нови гласачи.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека психолозите и педагозите ќе се вработат преку транспарентна постапка при што ќе се запазат сите законски правила и процедури.
XS
SM
MD
LG