Достапни линкови

logo-print

Грција и догодина во рецесија


Економијата во Грција и следната година ќе биде во рецесија – седми пат по ред, а невработеноста ќе биде на рекордно ниво – 28,5 отсто, наведува во анализа рејтинг-агенцијата Стандард енд Пурс.

Агенцијата очекува и намалување на БДП за еден отсто во следната година. Потврден е и рејтингот за Грција „В“ минус.

Високото ниво на долгот како и ризиците од политичка и социјална нестабилност се основни фактори врз кои се изведени анализите на Агенцијата. Оваа година БДП на Грција регистрира пад од четири отсто. Прогнозата на Стандард енд Пурс е во согласност со очекувањата на грчката Влада и меѓунардоните кредитори кои сметаат дека економијата ќе бележи извесен раст идната година.
XS
SM
MD
LG