Достапни линкови

Либија бара објаснување од САД за вчерашната акција


Nazih Abdul-Hamed al-Ruqai, known as Anas al-Libi, reportedly detained by U.S. forces, photo from gettyimages.com

Nazih Abdul-Hamed al-Ruqai, known as Anas al-Libi, reportedly detained by U.S. forces, photo from gettyimages.com

Властите во Либија соопштија дека побарале од американските власти да го објаснат воениот упад во Триполи, при што беше заробен Либиец кого САД го бараат за бомбардирање на американските амбасади во Африка пред 15 години. Либиската влада соопшти дека имаат желба на либискиот граѓанин да му се суди во нивната земја, без разлика на обвиненијата изнесени против нив. Владата, исто така, изрази надеж дека инцидентот нема да му натети на „стратешко партнерство“ со Соединетите Американски Држави. Изјавата доаѓа еден ден откако американски командоси го заробија лидерот на огранокот на Ал Каеда во Либија, Нази Абдул-Хамед ал-Ругаи, познат како Анас ал Либи, обвинет за нападите на американските амбасади во Кенија и Танзанија во кои загинаа 224 луѓе.
XS
SM
MD
LG