Достапни линкови

Пакистан - Во експлозија на бомба загинале 3 војници


Најмалку тројца војници загинале, а седуммина се повредени во експлозија на бомба во северозападниот дел на Пакистан. Властите во Северен Вазиристан велат дека возилото на безбедносните сили налетало на нагазна мина. Портпаролот на малку познатата милитантна организација Ансарул Муџахедин, ја презеде одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG