Достапни линкови

Поранешни функционери -кандидати за претседател на Авганистан


Многу поранешни функционери се најдоа на листата кандидати за претседателските избори во Авганистан. Водечки кандидати се поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула, поранешен министер за финансии Ашраф Гани и поранешниот министер за одбрана Абдул Рахим Вардак. Братот на претседателот Хамид Карзаи, Кајум Карзаи и поранешниот министер за надворешни работи Залмаи Расоул исто така се очекува да се кандидираат. Денеска попладне завршува рокот за пријавување, а авганистанската Независна изборна комисија ќе донесе конечна листа на кандидати на 16 ноември.
XS
SM
MD
LG