Достапни линкови

logo-print

Асад - нема преговори со вооружени бунтовници


Сирискиот претседател Башар Асад .

Сирискиот претседател Башар Асад .

Сирискиот претседател Башар Асад ја отфрли можноста за разговори со бунтовниците се додека не го положат оружјето. Асад за германски Дер Шпигел изјави дека тој не верува оти со преговори со бунтовниците ќе се стави крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 100.000 луѓе. Асад вели дека американскиот претседател Барак Обама нема докази дека сириските сили користеле нервен гас сарин при нападите на 21 август врз едно предградие на Дамаск. Асад изјави дека владата на рускиот претседател Владимир Путин го поддржа повеќе од било кога. Тој рече дека Путин има подобро разбирање на ситуацијата во Сирија, поради руската борба против „тероризам“ во Чеченија. Сирискиот претседател вели дека неговата влада можеби направи грешки во сериозноста на својата почетна операција, но тој се уште стои на својата одлука да се „бори против тероризмот и да ја брани својата земја“.
XS
SM
MD
LG