Достапни линкови

Вашингтон нема да прифати „лош договор“ со Иран


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД верува оти Иран е далеку од производство на нуклеарна бомба. Во интервју за Асошиетед прес, одговарајќи на прашањето во врска со американската разузнавачка проценка за временската рамка кога Иран би произвел нуклеарно оружје, Обама изјави дека проценката им е дека една или повеќе години го делат Иран од атомско оружје. Тој вели дека нивната проценка е веројатно поконзервативни од проценките на израелските разузнавачки служби. Израел соопшти дека Иран е само неколку месеци далеку од тоа да биде во можност да направи нуклеарна бомба.

Обама исто така изјави дека мора да се тестира дали иранскиот претседател Хасан Рохани е сериозен во врска со решавањето на спорот околу иранската нуклеарна програма преку дипломатија. Обама, меѓутоа, посочи дека Вашингтон нема да прифати „лош договор“ со Иран.
XS
SM
MD
LG