Достапни линкови

Европската народна партија побара ослободување на Тимошенко


Европската народна партија во Европскиот парламент ја повика украинската влада веднаш да ја ослободи поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Адвокатотот на Тимошенко, Сергеј Власенко вчера изјави дека двајца претставници на ЕУ се сретнале со украинскиот претседател Виктор Јанукович да го прашаат за аболиција на Тимошенко. Тој исто така изјави дека Тимошенко ја прифатила понудата да се лекува во Германија. ЕУ побара помилување за Тимошенко пред Украина да потпише договор за Асоцијација со ЕУ во ноември. Тимошенко вели дека обвиненијата против неа се политички мотивирани.
XS
SM
MD
LG