Достапни линкови

Политиката не смее да биде пречка за бизнис соработката


Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Една милијарда американски долари е економската размена со Република Грција. Јужниот сосед е втор наш партнер и најголем инвеститор. Ние сакаме оваа соработка и натаму да се зајакнува и да се продлабочува. Затоа ги поздравуваме и ги поттикнуваме добрите економски односи меѓу двете економии, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешната средба со претседателот на Регионалната комора на Пела, Јорданис Цоцос.

Азески и Цоцос во текот на разговорите ја истакнаа потребата од зајкнување на регионалната институционална и бизнис соработка на компаниите.

„Како економија и бизнис заедница не не засегаат политичките случувања. На идентичен поглед наидовме и кај претставниците на грчките партнери. Сметам дека можеме да соработуваме како добри соседи во многу сектори на економската размена и освојувањето трети пазари, рече Цоцос кој беше домаќин на средбата на регионалните комори од Битола и Воден.
XS
SM
MD
LG