Достапни линкови

logo-print

Новото творештво на Александар Зафировски во КИЦ


„Хоризонт, h=3,57xh1+1,7“ е насловена изложбата на ликовниот уметник Александар Зафировски, што од 3 до 13 октомври, се одвива во Културно-информативниот центар во Скопје. Ова е негова четврта самостојна поставка годинава и на неа се изложени 15-на дела работени во комбинирана техника кои создаваат една целина која го дефинира интересот за мерење на хоризонтот што се простира пред нас.

„Хоризонт се нарекува она место каде што светлината на воздухот се граничи со линијата на земјата, која подоцна во моите дела прераснува од линија во површина што ротира и ги изместува поставеностите во природата. Хоризонтот ја означува линијата која ги дели небото и земјата и тоа сите го знаеме. Но, се прашувам каде се делат „моето небо“ и „мојата земја“?
„Формулата за мерење на хоризонтот и за оддалеченоста на хоризонтот ја земав како едно математичко обележје кое ми помага само полесно да го дефинирам тоа што го гледам и што го размислувам. Во таа формула се состои висината на која што јас стојам како набљудувач која што може да биде било каква, дури и изместена и поинаква, се зема висината на мојот поглед и со мерењето се добива она што сакам да го добијам на крај. Да ја видам таа оддалеченост и содржината внатре во неа.

Ова ќе го запише ликовниот уметник Александар Зафировски во каталогот за својата нова самостојна постановка „Хоризонт, h=3,57xh1+1,7“, што од 3 до 13 октомври, се одржува во Културно информативниот центар во Скопје. Појаснувајќи го сопствениот стремеж тој истакнува дека станува збор за негови случувања и дека формулата која ја навел како формула за мерење на оддалеченоста на хоризонтот ги содржи сите негови интереси кон надворешниот свет поврзани со ова прашање.

„Формулата за мерење на хоризонтот и за оддалеченоста на хоризонтот ја земав како едно математичко обележје кое ми помага само полесно да го дефинирам тоа што го гледам и што го размислувам. Во таа формула се состои висината на која што јас стојам како набљудувач која што може да биде било каква, дури и изместена и поинаква, се зема висината на мојот поглед и со мерењето се добива она што сакам да го добијам на крај. Да ја видам таа оддалеченост и содржината внатре во неа. “

Запрашан зошто ја вметнува математиката како дисциплина во уметноста, Зафировски ќе рече дека нему најнапред формулата му била едноставна за да го каже она
Намерно ја ставив формулата за да луѓето ме прашаат – Зошто баш ја ставаш формулата? За да објаснам. Ако стои само „Хоризонт“ или некое такво едноставно име – тие ќе мислат: Да, тоа е тоа. Вака математичкото обележје е тука за да дискутираме повеќе на таа тема. За да луѓето се заинтересираат, а и јас самиот повеќе да навлезам во проблематиката.
што го има преку слика и притоа вели дека на тој начин сакал да го разбуди љубопитството кај публиката.

„Намерно ја ставив формулата за да луѓето ме прашаат – Зошто баш ја ставаш формулата? За да објаснам. Ако стои само „Хоризонт“ или некое такво едноставно име – тие ќе мислат: Да, тоа е тоа. Вака математичкото обележје е тука за да дискутираме повеќе на таа тема. За да луѓето се заинтересираат, а и јас самиот повеќе да навлезам во проблематиката. “

Иако речиси секоја негова нова постановка е различна од претходната, уметникот во случајов знае да каже дека ќе остане уште малку за да го доистражи овој проект.

„Секоја моја нова изложба, секој мој нов проект, е различен од претходниот и на сите се трудам некако да навлезам, да истражам некако во суштината на тоа што сакам да го претставам, во материјалот... Сакам малку да избегам од форматот и секогаш правам различни формати и различни концепти. На оваа сегашна изложба исто така и посветив доста време за размислување и за работа, но чинам дека имам причина уште малку да останам да истражувам на таа тема. Да доработам. Сметам дека имам уште малку за да го заокружам тој цел процес.“

Роден 1984 година во Скопје, Александар Зафировски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во класата на професор Антони Мазневски, оддел сликарство, и моментално ги завршува постдипломските студии. Зад себе има 14 самостојни изложби, од кои четири само оваа година, а учествувал и на 20-тина групни постановки на слики, плакати и инсталации. Освен во Македонија се претставувал и во САД, Русија, Чешка, Белгија, Австрија, Турција, Шведска, Италија, Словенија ...а за своето творештво добитник е на многу награди и признанија во земјава и во странство. Од позначајните треба да се издвојат онаа на фондацијата „Борко Лазески“ за најинвентивен студент на Факултето за ликовни уметности во 2007 година, првите места на конкурси во Темпи и Охајо во САД и наградата „13 ноември“ на град Скопје за постигнати резултати на полето на сликарството на локално и меѓународно ниво.

Инаку, со слики Зафировски годинава се патуваше во Болоња – Италија, потем цртежите ги претстави најнапред во фоајето на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје и потем во „Ателје фигура“ во Сараево – во БиХ, а по актуелната постановка во КИЦ, успешната серија ќе ја продолжи со изложба во Љубљана – Словенија.

„Тоа се изложби за кои ми е многу драго што се случуваат. Посебно за оние надвор од земјава, бидејќи тие се одржуваат на покани од тамошните галеристи. Секако дека се тешки за организирање бидејќи не е едноставно да се спакуваат делата и да се носат таму, но сепак убаво е чувството да се презентираш себе како автор и сопствената држава пред некоја друга публика освен онаа од Македонија. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG