Достапни линкови

Монтенегро ерлајнс отпушта странски работници


Управата на црногорскиот национален авиопревозник соопшти дека од работа ќе бидат отпуштени сите странски државјани како мерка за намалување на трошоците на компанијата.

„Мора да ги намалиме трошоците бидејќи само за станови и останати трошоци на странски работници годишно досега се издвојувале по околу 400.000 вера“, изјави претседателката на Одборот на директори на црногорскиот авиопревозник Монтенегро ерлајнс, Далиборка Пејовиќ.

Според неа, од компанијата се отпуштени работници од Србија кои покрај останатите биле задолжени за авиомеханика, електронски системи.
XS
SM
MD
LG