Достапни линкови

logo-print

Цивили или бунтовници убиени во воздушен напад во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Авганистанските и НАТО претставниците со различни информации за тоа дали во вчерашниот воздушен напад во провинцијата Нангарар во источен Авганистан биле убиени цивили. Локалната полиција соопшти дека петтемина убиени биле пријатели на возраст од 12 до 20 години кои со воздушни пушки ловеле птици на неколку километри од Џалалабад, главниот град на Нангарар. НАТО, пак, соопшти дека нападот бил насочен кон бунтовници во близина на аеродромот што го користат меѓународните сили и дека нивните првични информации велат дека немало цивилни жртви.
XS
SM
MD
LG