Достапни линкови

Министрите за надворешни работи на Литванија и на Романија во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач на Советот на ЕУ Линас Линкевичиус и шефот на дипломатијата на Романија и претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Титус Корлацеан, на 6 и 7 октомври ќе престојуваат во заедничка посета на Македонија, соопшти македoнското МНР.

Линкевичиус и Корлацеан утре ќе имаат средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а в понеделник ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Предвидени е и заедничка средба во Собранието на Република Македонија со претседателите на Националниот совет за европска интеграција, Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешни работи и Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет со Европската унија.

На средбите ќе стане збор за процестот на пристапување на Македонија во ЕУ во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија на 16 октомври и состаноците на Советот на ЕУ во декември. Ќе се разговара за регионалната соработка во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, информира МНР.
XS
SM
MD
LG