Достапни линкови

logo-print

ОН загрижени за немирите во Египет


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост поради зголемувањето на немирите во Египет, вклучувајќи ги смртоносните судири во главниот град Каиро. Тој ја истакна важноста од мирни протести. Неговите коментари дојдоа откако четири лица се убиени во Каиро, а десетици други беа повредени во судирите меѓу поддржувачите на соборениот исламистички претседател Мухамед Морси и безбедносните сили. Судирите избувнаа кога стотици поддржувачи на Морси се обидоа да се соберат на плоштадот Тахрир во Каиро. Претходно истиот ден, најмалку двајца египетски војници загинаа во напад на нивниот конвој од страна на милитанти.
XS
SM
MD
LG