Достапни линкови

Кери - затворањето на владата е само политички момент


Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека затворањето на американската влада до светот испраќа порака дека Вашингтон не е во можност да се справи со своите политички и финансиски проблеми. Но Кери кој присуствува на економскиот Самитот на азиските лидери во Бали, Индонезија, изјави дека „пријателите и непријателите“ на Америка треба да знаат дека ова не е ништо друго, туку само политички момент. Кери ја предводи делегацијата на САД на Самитот во Бали, откако американскиот претседател Барак Обама го откажа планираното учество со цел да остане во Вашингтон и да се справи со новата ситуација. Американската влада е затворена веќе петти ден.
XS
SM
MD
LG