Достапни линкови

Специјалци нападнале база на Ал Шабааб


Трговскиот центар во Кенија нападнат од Ал Шабааб.

Трговскиот центар во Кенија нападнат од Ал Шабааб.

Сомалиската исламистичка милитантна група Ал-Шабааб соопшти дека странски специјални сили нападнале една куќа во една од нивните крајбрежни бази јужно од Могадишу, при што загинал еден бунтовнички борец. Групата вели дека нападот во текот на ноќта бил спроведена од страна на „Западот“. Според милитантната група, специјалците дошле со хеликоптер во базата Бараве која се наоѓа на 180 километри од главниот град. Веднаш не е јасно зошто нападот бил насочен кон оваа база.

Ал Шабааб која е поврзана со Ал-Каеда соопшти дека го извршила нападот врз трговскиот центар во Кенија пред две недели, при што загинаа најмалку 67 луѓе.
XS
SM
MD
LG