Достапни линкови

Временска прогноза - сончево, но студено


Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер претежно од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 15 до 22 степени.
Во Скопје слично време, со дневна темепратура до 18 степени.

Утре времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните подрачја ќе има услови за локален дожд. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 16 до 23 степени.

Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и потопло време со локален дожд.
XS
SM
MD
LG