Достапни линкови

logo-print

Смешки рој

Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

До некаде и претпоставував каква ќе биде инвестицијата на индискиот милијардер, ќе биде фарса и криминал како и сè останато во државата додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Давање на државно земјиште на сомнителни личности оваа власт правела и порано, примерот со Свид Милк кога фабриката беше дадена за 1 евро, а само залихите на млеко беа неколку стотици илјади евра. На крај заврши „среќната“ приказна, парите беа потрошени, а бизнисменот избега. И нормално никој не одговараше за скандалот, пишува претседателот на СДММ Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Започна да работи новоизградениот театар, премиера имаше претстава комедија во изведба на Субрата. Не можам да поверувам дека некој дозволил во државава бизнисменот обвинет за криминал во својата држава да го издигне како свето божество во нашата.
До некаде и претпоставував каква ќе биде инвестицијата на индискиот милијардер, ќе биде фарса и криминал како и сè останато во државата додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Давање на државно земјиште на сомнителни личности оваа власт правела и порано, примерот со Свид Милк кога фабриката беше дадена за 1 евро, а само залихите на млеко беа неколку стотици илјади евра. На крај заврши „среќната“ приказна, парите беа потрошени, а бизнисменот избега. И нормално никој не одговараше за скандалот.

Гледам се фали владата нè имало на CNN меѓу топ 10 локации за привлекување инвеститори. Ама требаше да објаснат какви инвеститори привлекуваме, повеќето се криминалци, ги гонат ги судат во нивните држави ама „Македонија им нуди љубов и сè“.

До некаде и претпоставував каква ќе биде инвестицијата на индискиот милијардер, ќе биде фарса и криминал како и сè останато во државата додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Давање на државно земјиште на сомнителни личности оваа власт правела и порано, примерот со Свид Милк кога фабриката беше дадена за 1 евро, а само залихите на млеко беа неколку стотици илјади евра. На крај заврши „среќната“ приказна, парите беа потрошени, а бизнисменот избега. И нормално никој не одговараше за скандалот.

Сега повторно ни се случува истото, само надградено и проширено. Сега, покрај тоа што донесовме бизнисмен милијардер, кој ни се насука како брод на суво, донесовме и визионер, продуцент, водител, говорник, експерт социолог, филозоф и промотор. НЕ е доволно што осум години нè газат како личности, нè казнуваат, нè малтретираат, сега требаше да ни ја навредат интелигенцијата со Субрата. Не треба да се плаши државата за својата иднина со вакви инвеститори и просветители.

Ете ќе го преземеме индискиот пример за многу деца и пак античките Македонци ќе станат милијарда. Раѓањето деца задолжително, како ќе ги прехраниме не знам, а да Субрата ќе инвестира за нас. Тој ќе не прехрани, а 20.000 крави до тогаш може ќе станат 50.000 илјади, па колку ни е голема државата и како сите се иселуваат може и само крави ќе останат наместо народ. ДПМНЕ ќе биде сè уште на власт и ќе држи митинг како се намалила невработеноста, а за секоја крава ќе вети по еден вол. Море волови сме ние што дозволуваме некој како нив да си игра со нас. Ние до тогаш ќе гладуваме, а сексот е спасот, вели Субрата.
Решен е и проблемот со греење за зимава, само повеќе секс. И нормално тие што нема да практикуваат секс, да им се одземе право на глас. Препорака до ДИК, да се пречисти избирачкиот список од луѓе што сексуално не општат затоа што директно го загрозуваат идентитетот на Македонецот и најверојатно работат за Грција, па не смеат да имаат право на глас. Не знам само што ќе правиме со гласачите од Пустец.

На крајот на краиштата, барем Субрата Камасутра Рој е отворен човек, ете си призна дека неговата организација е криминална и има многу криминалци. Само да им дадеме време, ќе се сменат, да „заработат“ уште некој денар во џеб и да го „отвориме срцето" да им простиме.

Ќе им дадеме време да се сменат, ете владата и мисли на себе, ако не им простиме, изграден е нов затвор во Куманово. Собите се веќе резервирани, прв беше Премиерот, да си избере апартман.

Индиските мудрости немаат крај, ама затоа ќе има крај на слободното новинарство затоа што тоа е непријател на мирот. Заборавиле да му кажат на Субрата дека кај нас го нема тој проблем. Слободното новинарство умре кога почнаа да ги затвараат новинарите кои пишуваат за криминалот на власта, а тие што не ги затвараат го губат животот во неразјаснети сообраќајни несреќи.

Сега има медиуми кои работат за мирот, пардон за Владата, а нивните кравати го осветлуваат етерот и носат мир и стабилност. На крајот на краиштата, не е лошо на нашиот мудрец да му дадеме да биде претседател на државата. Ако досегашниот нè смееше, од овој солзи ќе ни протечат.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG