Достапни линкови

Борба за образовна иднина


Марија Василевска, член на Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Марија Василевска, член на Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

По долги дискусии на оваа тема, како членки на ЕСУ, одлучивме да бараме универзитети кои би примиле студенти од Сирија во своите амфитеатри. Како и да е, речиси никој не даде одговор или солуција на ова барање, пишува Марија Василевска од СПУКМ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Истрели, грозоморни слики, детски игри во чад и експлозии, секојдневие поминато во криење од напади. Тоа е сликата и приликата на младите во Сирија во последните две години. Медиумите се исполнети со вести, предвидувања и анализи. Каква ќе биде иднината на оваа земја преполна со население од различна етничка и верска припадност. Земја која навидум е далеку од нашите мирни секојдневија, но сепак толку блиску.
При крајот на месец јули, како дел од Европската студентска унија, бевме алармирани за безизлезната ситуација во која се наоѓаат нашите колеги во Сирија. Од некои од нив добивавме и електронска пошта во која не известуваа дека им е забрането школувањето во нивната земја и бараа помош. Бараа соодветни универзитети кои би им дале стипендии да го продолжат нивното образование надвор од границите на Сирија.

Граничејќи се со Турција, оваа азиска територија e на само два часа оддалеченост, доколку како превозно средство го имате авионот. Сепак, ова четиво нема да биде посветено на војната, на изјавите на познатите функционери кои ситуацијата ја користат за собирање на политички поени. Туку напротив, како претставник на СПУКМ, секој нареден испишан збор ќе биде посетен на моите колеги од Сирија. На студентите кои се борат за својата иднина и за иднината на своето општество.

При крајот на месец јули, како дел од Европската студентска унија, бевме алармирани за безизлезната ситуација во која се наоѓаат нашите колеги во Сирија. Од некои од нив добивавме и електронска пошта во која не известуваа дека им е забрането школувањето во нивната земја и бараа помош. Бараа соодветни универзитети кои би им дале стипендии да го продолжат нивното образование надвор од границите на Сирија. Воените сили принудија голем број на студенти да ги напуштат своите универзитети под оправдување дека тие не претставуваат повеќе безбедна зона за нив, посебно по нападот на Алепо универзитетот на 15 јануари 2013 година. Напад во кој им беше одземен животот на најмалку 82 лица, од кои голем дел беа студенти и деца. Штетата најмногу била почувствувана во околината на Факултетот за архитектура, на почетокот на првата испитна сесија за 2013. Токму кога стотици студенти се упатиле кон својот факултет за да ја добијат посакуваната оценка, да ги раситнат своите испити до дипломата.

Ова посочува на желбата на воените сили да се замолчат младите и да се спречи искажувањето на нивните ставови, се вели во соопштението кое Европската студентска унија го испрати до јавноста кон крајот на јули. Понатаму во соопштението, ЕСУ упатува на фактот дека за жал во Сирија образовните институции повеќе не се безбедна средина, а дека студентите се многу често предмет на манипулација на вооружените сили. Голем број на студенти се регрутирани и наместо индекси во рака имаат оружје. По долги дискусии на оваа тема, како членки на ЕСУ одлучивме да бараме универзитети кои би примиле студенти од Сирија во своите амфитеатри. Како и да е, речиси никој не даде одговор или солуција на ова барање.
По долги дискусии на оваа тема, како членки на ЕСУ одлучивме да бараме универзитети кои би примиле студенти од Сирија во своите амфитеатри. Како и да е, речиси никој не даде одговор или солуција на ова барање.

Од друга страна, поранешниот претседател на Португалија, Jorge Sampaio, создаде фонд за студенти од Сирија кои сакаат да студираат надвор од својата земја. Тој, заедно со Советот на Европа и Лигата на Арапските земји и институтот за интернационално образование, но и неколку влади ја создадоа глобалната платформа за сириски студенти. Тие нудат 1000 стипендии на мотивирани студенти од Сирија кои сакаат да допринесат за развој на општеството и имаат одлично академско искуство, но и потреба од финансиска поддршка за продолжување на своето образование. При крајот на септември оваа година достапни ќе бидат стипендии во Турција, Ирак и Либан. Еразмус Мундус програмата е исто така отворена за сириските студенти. Помеѓу земјите кои нудат стипендии се и Обединетото Кралство, Франција, Мексико и САД.

Пред почетокот на војната во Сирија образованиот систем доживувал пораст. Според последните податоци во 2007 година. имало 8 милиони студенти (во оваа бројка влегуваат студентите и учениците во основно и средно училиште). По основањето на Министерството за образование во 1996, тоа го презело во раце контролирањето на целиот образовен процес. Субвенционирањето на образованието од страна а државата растело, но сепак непропорционално со бројот на население. Како и да е, оваа земја брои голем број на државни универзитети, кои го следат Францускиот систем на високо образование. Првиот државен Универзитет е отворен далечната 1923 година. Помеѓу Универзитетите има и 20 лиценцирани приватни универзитети, а уште 14 чекаат да го доживеат светлото на денот.

Како и да е, нашите колеги од Сирија заслужуваат образование според сите стандарди како и секој студент на оваа планета земја. Никој не смее да им го скрати тоа право. Сепак тие се иднината на Сирија, иднина далеку од војна, далеку од воени манипулации и иднина со општество во кое човековите права и нивното почитување ќе бидат приоритет. Ние, СПУКМ, целосно застануваме во борбата за образование, но не онаа насилната. Туку онаа според сите меѓународни стандарди, онаа која ќе вроди плод и со чиј резултат нашите колеги ќе бидат вратени во амфитеатрите со индекси во раце.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG