Достапни линкови

Турција планира да го намали воениот рок на 12 месеци


турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турција планира да го намали редовниот воен рок на 12 месеци, од сегашните 15, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во интервју за телевизијата „А Хабер“. Ердоган нагласи дека на проектот заедно работат Министерскиот совет, Министерството за одбрана и Генералниот штаб на турската армија. Останува предлог законот да биде поднесен во Парламентот. Проектот не предвидува промена на краткиот воен рок за студенти, кој е шест месеци.
XS
SM
MD
LG