Достапни линкови

logo-print

Не се очекуваат турбуленции во банкарскиот систем


Ако Националната банка на Грција реши да се повлече од Македонија, тоа не би требало да се одрази врз работењето на Стопанска банка и врз банкарскиот систем во земјава, велат експертите.

Националната банка на Грција доколку реши да се повлече од Македонија, тоа не би требало да се одрази врз работењето на Стопанска банка, велат експертите. Од Народна банка соопштија дека сè уште нема договор за нејзино повлекување и доколку дојде до такво нешто, сите клиенти и натаму без измени би можеле да ги користат услугите на Стопанска банка.
Не очекувам некои поголеми турбуленции во банкарскиот систем во Македонија. Многу е битно, ако се повлекуваат, сега зборуваме хипотетички, кој ќе дојде.

Поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески вели дека Националната банка на Грција не може да го повлече својот капитал од Македонија, туку може само да го продаде на некој друг. Тоа според него, се случува речиси секојдневно во светот со тоа што за новиот акционер Народна банка на Македонија треба да даде согласност дека е подобен.

„Не очекувам некои поголеми турбуленции во банкарскиот систем во Македонија. Многу е битно, ако се повлекуваат, сега зборуваме хипотетички, кој ќе дојде. Според мене би требало на некој начин и владата да биде спремна да реагира ако нема некој погоден акционер и повторно Стопанска банка да стане македонска банка“, вели Трпески.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели доколку во краен случај дојде до затварање на Стопанска банка депозитите на граѓаните ќе бидат безбедни, бидејќи се осигурани.
Ако се земе дека Стопанска банка е лидер на пазарот во делот на финансиските услуги, јас мислам дека тоа ќе има еден социјален импакт за нивните вработени, а во делот на клиентите нормално дека треба тие депозити коишто се на граѓаните да се префрлат во други банки.

„Ако се земе дека Стопанска банка е лидер на пазарот во делот на финансиските услуги, јас мислам дека тоа ќе има еден социјален импакт за нивните вработени, а во делот на клиентите нормално дека треба тие депозити коишто се на граѓаните да се префрлат во други банки. Е, сега не е исто со една банка да работите 20 години и одеднаш таа да исчезне и вие треба да барате нов партнер во оваа смисла“, вели Адеми.

Според Трпески, причината зошто во Македонија освен Сосиете Женерал не е присутно ниту едно друго звучно банкарско име и бренд е поради пазарот.

„Клучниот фактор зошто ниеден од другите поголеми европски брендови не дошле во Македонија е малиот пазар. Тие одат каде што има поголем пазар, одат да речеме во Србија, Хрватска, одат во Бугарија и сите тие пазари што се за неколку пати поголеми од Македонија“, вели Трпески.

Народна банка соопшти и дека повлекувањето на Националната банка на Грција од Југоисточна Европа е една од опциите кои сè уште ги разгледува Европската комисија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG